|
| |
|
КРАТКА ИСТОРИЈА НА МЖ
-
Република
Македонија е лоцирана во централниот дел
на Балканскиот Полуостров. На простор од
25.713 км2 живеат 1.936.877 жители. Главен
град е Скопје. Република Македонија на
југ се граничи со Грција, на исток со
Бугарија, на север со СР Југославија и на
запад со Албанија.
-
Првата
железница на просторот на Република
Македонија е од времето на османлиското
царство. На 9 август 1873 година со
железница се поврзани Скопје и Солун.
Оваа железничка врска, која подоцна е
продолжена до Митровица, град во СР
Југославија - Косово, е ословувана како
Македонски железници.
-
Со
прогласувањето на независноста на
Република Македонија, 9 септември 1991 год.
Македонските железници станаа самостоен
железнички субјект во рамките на УИЦ.
Треба да остане забележано дека по 2-ри
август 1944 год. и македонската држава и
железничкиот систем го носеа атрибутот
МАКЕДОНСКИ, за веднаш потоа Републиката
да најде свое државотворно место во
југословенската федерација, а
Македонските државни железници во
Заедницата на југословенските железници.
-
Денес
железничкиот сообраќај во Република
Македонија го организира и раководи
Јавното претпријатие "Македонски
железници" кое 100% се наоѓа во државна
сопственост. Железничката мрежа во
Република Македонија има 925 км отворени
пруги, 226 км станични колосеци и 102 км
индустриски колосеци.
-
Со
Јавното претпријатие "Македонски
железници" раководи менаџерски тим на
чие чело се наоѓа г-дин Никола Димитровски,
дипломиран градежен инженер.
|
|